Македонски концепт со поддршка за протестот на МПЦ-ОА

од Nikola Popovski

Во врска повикот на мирен протест од страна на МПЦ – ОА, кој треба да се одржи во Скопје пред Соборниот Храм на 29.06.2023 година, извршниот тим на политичката партија Македонски Концепт донесе одлука за целосна поддршка на истиот, вклучително и поддршка за аргументите кои МПЦ – ОА ги посочува во врска со обидот да се донесе новиот Закон за родова еднаквост.

Македонски Концепт дополнително реагира на најновите измени во Законот за матична евиденција со кои се интервенира во содржината на Изводот од матичната книга на родените, во која преку внесување на етничка припадност на граѓаните, во целост се суспендира граѓанскиот концепт на нашата држава, се воведува хибриден тип на етничка држава, која треба да прерасне во бинационална вештачка творба со тенденција на нејзино распаѓање.

-За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, велат од партијата преку соопштение.

Слични содржини