Македонскиот парламент прекинува со работа од 1 април

од desk4

Парламентот на Северна Македонија престанува со работа од 1 април, кога започнува кампањата за претседателските избори.

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, на прес-конференција рече дека е вообичаена практика да не се одржува парламентарни седници  во овој период, но сеуште има можност да свика состанок ако има итна потреба.

Џафери изјави дека ако не биде избран претседател во вториот круг на изборите, согласно Уставот на должноста шеф на државата се извршува од страна на претседателот на парламентот, но не повеќе од 6 месеци, по што се закажуваат  нови претседателски избори.

Во меѓувреме владејачката партија на премиерот Зоран Заев и коалициски партнер од албанскиот блок на Али Ахмети ДУИ, постигнаа согласност за издигнување на заедничка кандидатура за претстојните претседателски избори во Северна Македонија, соопшти агенција МИА.

По состанокот во Скопје, Ахмети објави дека името на кандидатот ќе биде познато до крајот на оваа недела.

Коалицијата на власт заеднички во трката за претседател, името на кандидатот утре

Раководството на СДСМ во петок ја прави последната координација за избор на претседателски кандидат, кој треба да помине на партиските органи, а ќе го обзнани на партискиот конгрес в недела на 3 март.

Првиот круг редовни претседателски избори ќе се одржи на 21-ви април .
Сегашниот шеф на државата, Георге Иванов, нема право да учествува, ниту пак некој би го предложил или гласал, бидејќи е претседател со втор мандат. Неговиот мандат истекува на 12 мај.

Слични содржини