Макрон бара „целосна независност“ на Франција до крајот на годината во однос на производство на маски

од Aleksandar Petrovski

Фрацускиот претседател Емануел Макрон при посетата на претпријатието Колми-Хопен, кое произведува хируршки и ФФП2 маски во Сант Бартелеми д’Анжу, побара Франција да има целосна независност при производството на маски до крајот на годината, јави дописникот на МИА.

-Треба да произведеме повеќе во Франција, на наша почва, за да ја намалиме нашата зависност. Пред кризата, произведовме 3,5 милиони маски. До крајот на април, ние ќе бидеме на 10 милиони. Сакам до крајот на годината да постигнеме целосна независност, рече Емануел Макрон.

Во однос на респираторите, претсдателот Макрон најави создавање на француски индустриски конзорциум околу „Ер Лиид“. Целта е да се создадат до средината на мај 10 000 респиратори.

-За да се финансираат сето ова, владата дава придонес од четири милијарди евра на јавното здравство Франција за нарачка на маски, респиратори и лекови, најави францускиот претседател.

Слични содржини