Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ има фатено длабоки корени во судството, ги блокираат процесите

од Viktor Jovanov

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната дебата на ТВ Алсат изјави дека ВМРО-ДПМНЕ има пуштено длабоки корени во правосудството и се уште го држи во свои раце.

–Му дадовме шанса на судството, но ВМРО-ДПМНЕ има длабоки корени фатено и се уште го контролираат. Мора да има прочистување на судството, особено преку потеклото на имот, вели Манчевски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е против решавање на проблемот во правосудството и донесување на законот за јавно обвинителство.

-ВМРО-ДПМНЕ е против решвање на проблемот. ВМРО-ДПМНЕ целосно ги блокира и ќе ги блокира понатамошните политички и судски постапки. Тоа значи дека се против Европската унија, рече Манчевски

Слични содржини