Маричиќ – Арслани: Врховниот суд треба активно да се вклучи во реформите во правосудството

од Берта Китинска

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со в.д. претседателот на Врховниот суд, Фаик Арслани.

На средбата се дискутираше околу спроведувањето на реформите и состојбите во правосудството, како и воедначување и подобрување на судската пракса.

Министерот за правда истакнал дека очекува активно учество на Врховниот суд на Република Македонија како највисока судска инстанца во државата и нејзино вклучување во реформите во правосудството.

Слични содржини