Маричиќ: Иако пописот не е почнат, никој не го крши законот и никој нема да биде казнет

од Nikola Popovski

„Ние единствено што имаме во континуитет сега е попишувањето на дијаспората, и тоа е многу важно за дијаспората да се напомене дека тој процес продолжува. Тој процес започна на 1-ви март и ќе продолжи до 30-ти септември“, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „10 Минути“.

Тој вели дека, иако пописот не е почнат, никој не го крши законот, и никој нема да се казни.

„Доколку колегите од Алијанса и Алтернатива имаат сериозни или суштински забелешки нека ги извадат во Комисијата и да ги разгледаат и да видиме која им е идејата. Доколку им е идејата само да пролонгираат за ден два тогаш не гледам причина во тоа. Ќе ги поднесат амандманите и потоа законот за два дена ќе оди на пленарна седница“, додава Маричиќ.

Денес 95 пратеници ја одобрија потребата за промена на Законот за попис на населението, а седуммина гласаа против. Предлог измената на Законот предвидува одложување на пописот за септември. Опозицијата од редовите на Албанците, Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа 200 амандмани, за да се спротивстават на одложувањето.

Слични содржини