Маричиќ: Можеме да зборуваме за заеднички личности од историјата, но не да се откажеме од тоа кои сме

од Nikola Popovski

„Договорот со Бугарија е причина да не се бараат понатамошни условувања. Идентитетските прашања, со Преспанскиот договор, требаше да се затворат со правото на јазик, на самоопредлување, за да можеме да ја прифатиме географската одредница“, изјави министерот Бојан Маричиќ, во емисијата „Анализа“ на ТВ 24.

Според него, Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија одат во наша полза и не заштитуваат од големиот притисок неразумни барања.

„Верувам во ЕУ, на државите во ЕУ, особено на Германија која се залага и на која приоритет и се почетокот на преговорите со Северна Македонија. Идејата беше историјата да се тргне од политичарите, но многу се политизира работата на стручните комисии кои дебатираат за историјата“, вели Маричиќ.

Слични содржини