Маричиќ: Овие денови во НАТО можат да бидат искористени за ЕУ да ни ја крене рампата за преговори

од Nikola Popovski

„Отворени сме согласно Договорот со Бугарија за дијалог и мислиме дека треба ЕУ да ни ја крене рампата за да ги почнеме преговорите“, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „Само вистина“.

Тој верува дека овие денови во НАТО ќе бидат добро искористени за да дојдеме до позитивен исход, меѓутоа не треба да ги креваме нерални очекувањата.

„Сепак во Бугарија има техничка влада, има избори и во такви услови, не знам дали ќе дојдеме до финале договор“, истакна Маричиќ.

На првиот лидерски Самит како 30-та  полноправна членка, Македонија ги повтори заложбите дека е подготвена да ги исполни своите обврски како рамноправна членка на Алијансата, во амбициозната Агенда што ја исцрта овој Самит.

Македонскиот премиер Заев, кој ја предводеше државната делегација во која беа и министрите за одбрана и надворешни Шекеринска и Османи, собирот на шефови на држави и влади го искористи уште еднаш да испрати порака за отворање и на европскиот пат, бидејќи, како што рече, ништо друго освен јасна ЕУ перспектива за земјата и Западниот балкан, не е опција.

Слични содржини