Маричиќ: Стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај

од Nikola Popovski

Првпат спроведуваме попис без хартија и со таблети коишто во исто време 5.000 попишувачи внесуваат податоци. Нормално е кога за првпат правите нешто, кога за првпат е креирана таква аплликација и таков систем да се јават и технички проблеми, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Тој исто така наведе дека со сите тие технички проблеми, хакерски упади, со помош на тимот на ДЗС, компаниите коишто ја спроведуваат апликацијата, МВР и Телеком со заеднички сили успеале да ги решат сите проблеми.

– Колку што знам стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај. Мислам дека имавме случаи кога граѓани коишто на почетокот одбиле, подоцна се попишале и увиделе дека операцијата тече добро, трае кратко, безбедно и по протоколи, рече Маричиќ.

Досега попишани се над 618.000 лица во земјава.

Слични содржини