Маричиќ за Кичеец: Ова не е ниту прв ниту последен затвореник кој ги користи овие погодности

од Берта Китинска

Ова не е ниту прв ниту последен затвореник кој ги користи овие погодности врз база на оправдана медицинска документација согласно законот, кажа денеска министерот за правда  Бојан Маричиќ во врска со прекинот на затворската казна на Зоран Милевски-Кичеец кој викендов беше еден од учесниците во сообраќајката кај Стража.

-И јас исто како и премиерот имав прилика да разговарам со директорот на Управата за извршување на санкции, она што ми го посочи тој е дека тоа што било објавено е дека затвореникот добил 30 дневен прекин на издржување на казната  поради лекување со цел да ги заврши тие медицински работи, па потоа да се врати на издржување на казната, кажа Маричиќ.

Слични содржини