Маск повторно продаде серија од своите акции во „Тесла“

од Stefanija Kuzmanovska

Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск, продаде втора серија од своите акции во компанијата за електрични автомобили – во вредност од 3,6 милијарди долари.

За само три дена, Маск продаде уште 22 милиони акции на „Тесла“, се вели во извештајот на Комисијата за хартии од вредност, пренесува Си-Ен-Ен.

Трансакциите се реализираа помеѓу понеделник и среда оваа недела.

Ова е втора голема продажба на акции на Маск во „Тесла“ откако го купи „Твитер“ во октомври. Така, на почетокот на ноември објави дека продал акции во „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари.

Претходно, по првичната продажба на акции вредни 8,5 милијарди долари во април, тој објави дека не планира дополнително да го продава својот удел во „Тесла“.

Затоа по последната продажба инвеститорите се вознемирени, бидејќи вредноста на акциите на најпознатата светска компанија за производство на електрични автомобили падна на најниско ниво во последните две години, пренесува „Ројтерс“.

Инвеститорите исто така стравуваат дека најбогатиот човек на светот би можел целосно да ги пренасочи своите ресурси од „Тесла“ на „Твитер“.

Слични содржини