Масло од ѓумбир: Природно средство за инхалација

од Elena Daskalova

Ѓумбирот има неверојатни лековити својства, без разлика дали правите од него чај, масло, го користите како зачин или редовно го ставате во вашето смути.

Комбинацијата на ѓумбир и маслиново масло освен што може да ги олесни симптомите на настинка и вирози, одлична е за масажа на телото и опуштање по стресниот период.

Подгответе го на следниов начин:

Исецкајте неколку парчиња ѓумбир заедно со лушпата, за да наполните шолја за кафе од 250 мл. Во огноотпорен сад ставете една и пол шолја маслиново масло, па додадете го ѓумбирот. Печете заедно два часа на 70 степени Целзиусови.

Низ цедалка, со помош на чиста газа, исцедете го маслото. Истиснете ја газата. Ставете во тегла. Маслото можете да го употребувате до шест месеци. Ставете неколку капки во врела вода за инхалација или користете го како ароматерапија.

Слични содржини