Масовни проевропски демонстрации вечерва во Грција: „Да на еврото, не на рубљата“

од Vladimir Zorba

Додека тече самитот во Брисел меѓу лидерите на земјите од еврозоната, во грчката престолнина Атина се одржува протест на проевропски настроените Грци. Илјадници Грци го пополнија плоштадот пред грчкиот парламент во рамките на вториот последователен протест со наслов “Остануваме во Европа”, пишува “Грик репортер”.

A protester waves a Greek flag at the entrance of the parliament building during a rally calling on the government to clinch a deal with its international creditors and secure Greece's future in the Eurozone, in Athens, Greece, June 22, 2015. Euro zone finance ministers welcomed new Greek proposals for a cash-for-reform deal on Monday but said they required detailed study and it would take several days to determine whether they can lead to an agreement to avert a default. REUTERS/Marko Djurica

Ројтерс

Со грчки и европски знамиња во рацете и со главен слоган: “Грција, Европа, демократија” тие протестираат за втор пат против опасноста земјата да излезе надвор од еврозоната и Европската унија.

Паролите во рацете се со пораки како: “Грција во Европа”, “Да на еврото, не на рубљата”, “Сите ние сме Европејци – тивкото мнозинство”. Многумина од учесниците носат со себе свирки, со кои имаат за цел да го “разбудат” грчкиот кабинет поради опасноста од заминувањето од еврозоната.

За разлика од првата демонстрација минатиот четврток, кога демонстрантите се качија слободно во дворот пред главниот влез на парламентот, денес скалите кои водат кон него се блокирани од членовите на полицијата.

Слични протести се одржуваат во Солун, Патра, Кавала, Волос и други големи грчки градови.

Во исто време во Брисел лидерите на европските земји се собраа за да бараат излез од кризата со која се соочува Грција. На одржаната средба утринава на министрите за финансии стана јасно дека владата на Алексис Ципрас понудила предлози за реформи, кои даваат надеж за постигнување договор.

Последните реформи предложени од Грција, се првиот вистински чекор на Атина во изминативе недели. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој претседаваше со самитот.

“Последните грчки предлози се првите вистински предлози, иако тие се уште имаат потреба од анализа од институциите и понатамошна доработка”, рече тој.

“Најважно е дека лидерите преземаат целосна одговорност за политичкиот процес, за да се избегне најлошото сценарио, кој би значел неконтролиран хаотичен” грексит”, рече уште Туск, користејќи го терминот со кој се нарекува непредвиденото излегување на Грција од еврозоната .
“На разговорите со Грција се забележува подобрување, иако конечната нормализација по ова прашање се уште не може да биде постигнато”, изјави од своја страна претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Оланд истакна дека работата извршена во последните денови од страна на Грција и меѓународните кредитори, односно ММФ, ЕЦБ и ЕК ги положила основите за она што во наредните денови може да биде оформено како решение за грчкиот проблем.
“Франција не сака овој договорот да трае за уште неколку недели или месеци. Договорот треба да биде сеопфатен и долгорочен. И ако сме си поставиле таква цел, тогаш подобро е да поработиме уште неколку дена, но да ја постигнеме “, изјави Оланд.

На средбата пристигнаа германскиот канцелар Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Рензо, премиерот на Ирска Енда Кени, премиерот на Словенија Миро Церар, итн.

Слични содржини