Маж се заканувал со пиштол на граничниот премин Блаце

од Берта Китинска

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И.(30) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 02.08.2022, на граничен премин Блаце, пријавениот извадил пиштол и го вперил кон неколку лица, по што полициски службеници кај него пронашле пиштол и рамка со три куршуми и го привеле.

Слични содржини