Меџити до Ахмети: Не ми е јасен овој ураган кон сопствените синови

од Nikola Popovski

Каде одите со овој ураган? На сопствените синови? На оние кои му служеа 20 години, прашал потпретседателот на ДУИ и предводник на „Огнената група“ Изет Меџити, коментирајќи ги синоќешните пораки испратени од трибината на ДУИ во Чаир.

Тој во гостување на ТВ Клан дебата истакнал дека е изненаден од изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Вакви изјави не даде ниту кон Мендух Тачи кога се обиде да му изврши атентат, ниту на оние кои на прес-конференција го прогласија за тешко болен. Тој не им го правеше тоа ни на противниците, не ми е јасно зошто им го прави тоа на синовите, истакнал Меџити.

За подадената рака за помирување од Груби, потпретседателот на ДУИ вели дека е „исцеден корен“.

Вицепремиерот Артан Груби вчера од Чаир порача дека е потребно помирување и обединување, а не поделба.

-Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина, научени сме да бидеме заедно затоа што така ни налага времето и овој е вистинскиот момент. Сите заедно ги трасираме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на неколкумина. Само слабите се плашат од конкуренција. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг, кажа Груби на трибината.

Слични содржини