Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со коронавирус. Таа била тестирана вчера, а синоќа стигнал нејзиниот позитивен резултат објави ТВ 24.

Медицинската сестра имала и симптоми на пневмонија, па веќе е хоспитализирана на инфективното одделение во болницата. Оттаму ја потврдија информацијата, но велат дека се преземени сите мерки и нема опасност од ширење на заразата во болницата.

Слични содржини