Медведев откри една од главните причини за започнување на специјалната воена операција

од Stefanija Kuzmanovska

Одлуката на Русија да започне таканаречена „специјална воена операција“ е донесена во голем дел поради заканите на Киев дека ќе ја обнови својата нуклеарна програма, изјави денеска заменик-советникот на претседателот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Според него, украинските лидери говореле дека со задоволство би употребиле нуклеарно оружје против Русија и нивните граѓани во Украина, пренесува ТАСС.

„Тие дадоа јасни навестувања во таа насока, а заканата за обновување на нуклеарната програма беше една од главните причини за започнување на специјалната воена операција“, рече Медведев.

Тој, исто така, истакна дека режимот во Киев жали за потпишувањето на меморандумот од Будимпешта од 1994 година, кој го премести од Украина нуклеарниот арсенал наследен од времето на Советскиот Сојуз.

Слични содржини