Меј стигна во Брисел, ќе пропадне ли големиот самит за брегзит?

од Vladimir Zorba

Британската премиерка Тереза Меј пристигна денеска во Брисел каде ќе има средби со претседателот на Европаката комисија, Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск пред неделниот самит на ЕУ на кој треба да биде потврден нејзиниот план за брегзит.

Премерката ќе има разговори со водечките личности до ЕУ пред самитот в недела на кој ќе се соберат челници на 28 држави кои би требало да го потврдат нацрт договорот за брегзит како и политичка декларација за идните односи меѓу ЕУ и Британија.

Според ипломатски извори, прашањето за Гибралтар британска територија на југ во Шпанија, се уште останува нерешено. Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера рече дека поради спорот околу Гибралтар може да пропадне европскиот самит за брегзит планиран за в недела.

Слични содржини