Мектиќ: Нема зголемување на бројот на мигранти во БиХ

од Vladimir Zorba

Од 6.513 мигранти, колку што досега влегле во Босна и Херцеговина, 5.887 изразиле желба за добивање азил, официјално барање поднеле 611 лица, а досега ниту едно не е одобрено.

Тие податоци ги изнесе министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ, кој рече дека во земјата засега нема драматично зголемување на бројот на мигранти.

Тој појасни дека 571 лице се вратени во државите од кои мигрантите се обиделе да влезат во БиХ, не прецизирајќи кои се тоа држави.

Мектиќ истакна дека в понеделник во Брисел ќе се сретне со европски функционери, на кои ќе им ги пренесе податоците.

– Ќе им ги пренесам овие податоци. Брисел е загрижен поради ситуацијата со мигрантите. Она што можам да го кажам е дека имаме доволно капацитети за мигранти, но БиХ не може сама да го понесе товарот. Ни треба помош околу мигрантите, изјави Мектиќ./ МИА

Слични содржини