Меркел: Шансите за старт на преговорите со Северна Македонија не се добри

од desk4

Германската канцеларка Ангела Меркел во владината изјава во Бундестагот потенцираше дека шансите за постигнување едногласна согласност на Самитот на ЕУ за давање зелено светло за старт на преговорите со Северна Македононија и Албанија не се добри.

„Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји“, рече Меркел, која на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, сигнализираше поддршка за реформи во однос на пристапните преговори за идните членки на Унијата, со надеж дека ќе попушти во однос на датумот за старт на преговорите со Скопје и Тирана.

Слични содржини