#MeToo: Моделот Миранда Ви објави дека била силувана од таткото на Бела и Џиџи Хадид

од desk4

За жал обвиненијата за сексуално малтретирање во модната индустрија сосема не се помината тема, а со напредокот на времето се повеќе жртви стекнуваате храброст да се соочат со насилниците.

Последниот таков случај е поврзан со брендот Guess и поконкретно со еден од неговите основачи Пол Марчело. Минатата среда моделот Кејт Аптон го обвини Марчело дека ја искористи својата моќ за да ги малтретира “сексуално” и “емоционално” жените.

А според тврдења на медиумите Business of Fashion, Марчело и претходно бил обвинет за сексуална злоупотреба.

Само неколку дена по изјавата на Аптон, Миранда Ви исто така модел, објави на Instagram пост, во кој детално раскажува за грозната искуство кое го имала со Марчело и неговиот близок пријател Мохамед Адид кој уште е и татко на Бела и Џиџи. Миранда вели дека имала средба со Марчело во седиштето на Guess, но всушност се најдов во стан, а главен креативниот директор на брендот се однесувал непристојно.

Таа, исто така, тврди дека по сексуалното вознемирување, Марчело “ја предал” на нејзиниот пријател Хадид. Наводно нејзие и било наложено да се сретне со Хадид на кафе: “Мислев дека е професионална средба, но всушност бевме само јас, тој и шише шампањ. И тој ме силуваше”.

Слични содржини