МФ: Потврда за полтиките од „Стандард и Пурс” – економијата ќе се стабилизира, фискалната консолидација продолжува, долгот ќе се одржува на стабилно ниво

од Vladimir Zorba

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокт во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети. Земјата ќе продолжи со фисклната консолдацијанамалување на инфлацијата и заштита на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво, соопштија од министерството за финансии.

Ова е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандар и Пурс” која го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија ББ- со стабилен изглед. Особено е значајно што кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед кој РС Македонија го има во континуитет од 2013 година е задржан и покрај здравствено-економската криза, како и ценовната и енергетска криза.

Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. . Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 %, кое е пониско од владините проекции (4,6 %). Донесениот Закон за буџети, сметаат од Агенцијата, ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира.

Во извештајот се посочува дека Владата е посветена на одржување на атрактивноста на земјата за странски директни инвестиции.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.    

Претходно РС Македонија и политиките на Владата добија потврда од Агенцијата „Фич” која го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен, се додава во соопштението.

Слични содржини