Мицкоски: Силјановска Давкова ќе води со над 100 илјади гласови пред Пендаровски

од Stefanija Kuzmanovska

Зад кандидатурата на Силјановска Давкова застанаа неколку десетици членови на Конвенцијата, врвното раководство на партијата со тоа недвосмислено ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. И ние сме убедени дека таа ќе биде избрана како претседател на 8 мај кога се очекува исто голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, наведе Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

„Изминативе пет години имам можност да соработувам со неа директно на прва линија и можам да кажам дека воспоставивме начин на соработка што се темели на принципи што ми е многу важно, важно ми е што заклучокот од дебатата се темели на аргументите“, вели Мискоски.

Тој оцени дека професорката е исклучителни харизматична личност, личност со богато професионално портфолио, професионалец со интегритет.

„Според она што го знам, омилена е помеѓу студентите на Правниот факултет, и мислам дека во рамки на ингеренциите што ќе ги има како претседател ќе има само додадена вредност, бидејќи таа има и исклучително големо искуство во меѓународни институции“, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Македонија многу ќе добие споредено со другите кандидати, посебно со Пендаровски.

„Тука би го издвоил актуелниот претседател Стево Пендаровски и ценам дека тука треба да се бара името за вториот круг. Иако мислам дека според сите оние анкети кои ги имаме и анализи предноста на Силјановска ќе биде повеќе од 100 илјади гласови во однос на Пендаровски, најмалку 100 илјади гласа разлика во првиот круг и ценам дека тоа ќе даде озбилна порака кон гласачите како да се мобилизираат за вториот изборен круг претседателски избори, како и за парламентарните на 8 мај“, посочи Мицкоски.

Слични содржини