Мијалков спроведен во судот (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Обвинетиот за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, Сашо Мијалков со полициска придружба беше спроведен во судницата, каде во моментов му се чита пресудата.

Тој излезе зад судската зграда, а оттаму преку споредниот влез во Основниот суд Скопје.

Во обвинението, СЈО посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20.000 граѓани. Незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1.541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или, вкупно биле следени 5.827 телефонски броеви.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини