Милан го награди Џенаро Гатузо со нов договор

од Vladimir Zorba

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо доби нов договор и би требало да го води тимот барем до 30 јуни 2021 година.

40-годишниот тренер ќе заработи 2 милиони евра за плата по сезона. Досега, тој беше најниско платен во Калчото со 120.000 евра годишно.

„Ви благодарам за можноста. Без Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели, јас не би бил тука. Ми беше дадена оваа шанса и среќен сум што сум тренер на таков голем клуб. Им благодарам на моите играчи и колеги за нивната доверба. Се надевам дека наскоро ќе го вратиме Милано на врвот“, рече Гутузо по потпишувањето на договорот.

Слични содржини