Милановиќ „распали“ по Уставниот суд, најави „трета република“ во Хрватска

„Закана кон политичките партии... Ова е државен удар. Со таа банда гангстери ќе се справиме по изборите. Нема пукање, нема затвори, но по овие избори доаѓа Трета република, посочи тој,

од Бети Божиноска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ попладнево ѝ се обрати на јавноста и го коментираше предупредувањето што нему и на СДП му го упати Уставниот суд на Хрватска, не штедејќи притоа ни зборови ни квалификации, пренесува хрватски „Индекс“.

За потсетување, Уставниот суд денеска истакна дека претседателот на Република Хрватска не смее да учествува во политички активности на ниту една политичка партија и му забрани на Милановиќ да биде на избирачкиот список и на каков било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател, заканувајќи се дека, во спротивно, ќе го поништи изборниот процес.

„Му честитам на Пеѓа Грбин за маестралниот настап“, рече на почетокот Милановиќ.

Тој им порача на Грбин и СДП да внимаваат.

„Таа гангстерска банда ги зеде како заложници. Мене не ми можат ништо, но јас им можам. Тие го направија тоа на гангстерски начин, всушност на терористички“, рече тој.

„Тој Шепаровиќ стана претседател на Уставниот суд, пред тоа беше кривичен адвокат. Заедно со сопругата земал милиони евра во зделки со „Кроација осигурување“. Семејствата цел живот работат за тоа. И сега, на крајот, стана и ова.

„Такви се сељачиштата, згора се и неписмени“, рече Милановиќ за Уставниот суд. „Писмен човек, барем оној кој поминал автошкола, има проблем со тоа. Најверојатно хрватскиот го научиле во  автомеханичарска работилница. Тоа според овие неписмени гангстери е забрането, но не е“, рече тој за својата кандидатура на парламентарните избори.

Милановиќ рече дека „Хрватска ќе се ослободи и од Андреј Турудиќ и од вистинскиот Турудиќ“.

„Ова мора да се реши на избори. Апелирам до колегите и граѓаните кои на крајот ќе судат за овој пуч. Тоа е чист државен удар. Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да ѝ кажам таа банда како.Јас ќе бидам кандидат за избори, како што би можел да бидам и на европските избори. Јас секако нема сам да си дадам мандат.Што е тука спорно, неписмени гангстери?“ праша тој.

Хрватскиот претседател тврди дека неговата кандидатруа е рутинска работа за која допрва треба да се одлучи.

„Закана кон политичките партии… Ова е државен удар. Со таа банда гангстери ќе се справиме по изборите. Нема пукање, нема затвори, но по овие избори доаѓа Трета република. Ги повикувам сите луѓе да им се спротивстават на ХДЗ и Андреј Турудиќ. За кого и да гласате, се е добро освен ХДЗ. Ова е борба за живот и смрт “, предупреди Милановиќ.

Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампири, посочувајќи дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.

„Со гангстерите ќе се справиме по изборите во рамките на Третата република. Ова е куплерај. Go, go, in the name of God. You prostitutes  (Одете, одете си, за име Божје. Проститутки)“, рече тој.

Слични содржини