Милевски ќе потпише Договор за соработка насловен „По КОВИД: Општините како двигател на одржливиот развој“

Бирото за регионален развој при Министерството за самоуправа, заедно со Програмата за развој на ОН, денес ќе потпишат Договор за соработка во поглед на проектот насловен како „По КОВИД: Општините како двигател на одржливиот развој“.

На потпишувањето ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Горан Милевски, постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарине Сахакјан и Директор на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.

Во рамките на овој проект УНДП и Владата ќе соработуваат во воведувањето на иновативни модели за меѓуопштинска соработка со фокус на финансиски менаџмент, правичен развој, градење на отпорност кон кризи, заштита на животната средина, транспорт и опоравување од социоекономските ефекти на пандемијата.

Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој ќе бидат главните партнери на УНДП во креирањето и спроведувањето на политики за меѓуопштинска соработка кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на јавните услуги, особено за групите на граѓани кои се најтешко погодени од КОВИД-19 кризата.

 

 

Слични содржини