„Милионско доларско шоу„ на Лејди Гага во американскиот главен град на коцката

од desk4

Лејди Гага потпиша милионски договор за настапи во казино во Лас Вегас. Пејачката ќе има постојано шоу во една од големите казина во градот. Нејзиниот настап ќе чини 1 милион долари за една ноќ и 74 милиони во наредните две години, објавија американските медиуми.
Постојано шоу во американскиот главен град на коцката обично имаат само најголеми ѕвезди во шоу-бизнисот. Ваквите претстави беа резервирани за Френк Синатра, Елвис Присли и Лиза Миннели. Последниве години, тие беа наменети за Џенифер Лопез и Бритни Спирс.

Слични содржини