Министерот Алиу во Анкара се сретна со претставници на компанијата „Хавелсан”

од Radmila Tasevska

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, во рамки на посетата во Турција, оствари средба со претставници на компанијата „Хавелсан“.

Како што информираа попладнево од МИОА, Алиу остварил средба со Омер Озкан и Шевкет Унал кои го информирале министерот за значењето на оваа компанија во процесот на дигитализација на јавните услуги.

На средбата се разговарало и за соработка во областа на сајбер безбедноста, информатичката технологија, командните и контролните системи, како и за обуките и технологиите за симулација.

Слични содржини