Минов: Животната средина е најранливата област во државата, таа може да се среди само со еколошка такса

од Nikola Popovski

„Сметам дека најранливата област во државатa е животната средина и таа треба да се разрешува и тоа може да се направи само со изворен приход, а тоа е еколошката такса“, вели пратеникот од СДСМ, Панчо Минов во емисијата „24 аналза“.

Според него, тоа ќе значи наше усогласување по европските регулативи како на земја како што сме ние.

„Услов е и сега да учествуваме во еколошките проекти со 48 проценти, а 52 од ЕУ фондовите. Добро е што дебатираме за ова“, нагласува Минов.

Измените на законот за се влезени во Собранието, но не се ставени на дневен ред на седница.

Преку Дополнување на Законот за животна средина, Владата предлага воведување еколошка такса, или зголемување на цената на бензините, дизелот, екстра лесното гориво и мазутот за 3,5 денари по литар без ДДВ, додека цената на безоловниот бензини би се зголемила за 3,1 денар без ДДВ. До крајот на годинава од новиот зелен данок треба да се соберат 27 милиони евра во буџетот, а на годишно ниво 54 милиони евра, пари кои ќе се насочат во еколошки проекти.

Слични содржини