Мисија на ОН е присутна во Нагорно-Карабах за првпат по околу 30 години

од Radmila Tasevska

Мисија на Обединетите нации денеска пристигна во Нагорно Карабах, јавуија азербејџанските медиуми.

Тоа првпат во изминатите 30 години таа меѓународна организација да добие пристап до Нагорно Карабах.

Ерменија претходно побара од Меѓународниот суд на правдата да му нареди на Азербејџан да ги повлече сите војници од цивилните објекти во Нагорно-Карабах и да дозволи пристап на ОН.

Азербејџан ги отфрли обвинувањата за етничко чистење во енклавата Нагорно-Карабах од етничкото ерменско население и тврдат дека неговите жители можат слободно да останат или да си одат.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан неколкупати го обвини Азербејџан за етничко чистење откако деценискиот обид на енклавата да се отцепи од азербејџанската власт заврши со ненадеен пораз на 20 септември.

Пашинјан рече дека повеќе од 100.000 од околу 120.000 жители на Нагорно-Карабах избегале во соседна Ерменија.

„Не можеме да прифатиме обвинувања за етничко чистење или геноцид“, изјави синоќа Хикмет Хаџиев, дипломатски советник на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

„Етничкото чистење е насилна акција, кога некој користи сила против цивили — (што е) она што точно Ерменија го употреби против нас, пред 30 години“.

„Но, тоа не значи дека ќе го повториме истото. Немаше ниту еден случај на насилство или злосторство врз цивили. Тие самите го потврдуваат тоа“, тврди Хаџиев.

„И немаше „ерменски“ граѓани во Карабах“, додаде тој.

„Отсекогаш ги сметавме за граѓани на Азербејџан, но за жал нелегалниот сепаратистички ентитет не ни дозволи да имаме директна комуникација со нив“, рече тој за етничките ерменски сепаратисти кои управуваа со енклавата три децении.

Тој рече дека Азербејџан „ангажирал трупи за внатрешна безбедност за да се координираат со таканаречените локални ерменски власти“.

„Тие се уште ги контролираат градовите“, нагласи тој.

Слични содржини