Митрески: Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став и без визија

од Nikola Popovski

Во своето обраќање на денешната собраниска седница, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески порача дека секој пратенички состав носел тешки одлуки, но дека времето на крајот ја покажувал нивната исправност, повикувајќи ги сите пратеници да дадат поддршка на уставните измени.

Државата мора да оди напред, а неизвесноста да станува се помала и да остане зад нас. Тоа им го должиме на нашите предци за жртвата, за херојското минато, за псоветеноста за создавање самостојна и независна држава. Тоа им го должиме на нашите современици за обезбедување поквалитетен живот. Тоа им го должиме и на генерациите што доажаат после нас за својата иднина да ја градат во својата татковина, не во странство, рече Митрески.

Порача дека сега целата јавност може да се увери дека текстот на уставните измени станува збор повеќе за технички измени, со кои што се унаппредува Уставот и не се загрозува ништо, ниту едно македонско идентитетско прашање, а истовремено овие измени го забрзуваат процесот за членство во ЕУ.

Членството во ЕУ значи пристап до фондови за развој, но и значи пристап до пазар од 500 милиони жители за македонските компании, за македонските бизниси, за земјоделците и за македонските земјоделски производи. Европските фондови, кои сега ги користиме, ќе се зголемат за 11 пати, значи 11 пати повеќе пари за земјоделците за развој, модернизација, поголем пласман, што директно значи поголем пласман и повеќе пари за секој земјоделец, кажа Митрески.

Меѓу другото истакна дека изборот е изолација или интеграција во ЕУ.

Нема друго. Изолација видовме што донесе 11 години. Освен поделби по секоја основа и стагнација, уназадување. Станавме заробена држава, цели 11 години не мрднавме од место, додека младите ни се иселуваа, земаа пасоши на туѓи земји. Затоа што младите сакаат перспектива, сакаат сигурна иднина и сакаат да живеат во државата којашто е дел од ЕУ. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго. Не смееме да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши, кажа пратеникот во своето обраќање.

Слични содржини