Митрев: На кого во Македонија би му сметало ако стојат Бугарите во Уставот?

од Nikola Popovski

Претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство, Добре Митрев информира за девојче од Кавадарци, кое, според него, било предмет на дискриминација поради тоа што нејзиниот татко отворено се декларирал како Бугарин.

-Девојче на 18 години треба да се запише на Полициска академија, но добива известување дека не ги исполнива безбедносните услови. АНБ не ѝ дала амин. Причината е затоа што нејзиниот татко отворено се декларира како Бугарин. Тие ги кажуваат дека не е тоа причината, туку поради неисполнување на безбедносни услови. Тоа е најнов пример, вели Митрев во емисијата „360“.

Тој отворено прашува „на кого во Македонија би му сметало ако стојат Бугарите во Уставот на Република Македонија?“.

-Ако знаеме дека македонските Бугари се луѓето што пред 45-та и после 45-та се борат за независна Македонија. Исто така, медиумите имаат голема одлука во применувањето на правата на Бугарите во Македонија, потенцира Митрев и додава дека има почит кон македонската државност и „дека да бил спортист со гордост ќе го носел македонскиот репрезентативен дрес“.

Слични содржини