Митровски: Случајот со Мијалков наликува на боливудска серија

од Берта Китинска

Случајот со Сашо Мијалков е боливудски тип на серија, вели адвокатот Јанаки Митровски во емисијата „Топ Тема“.

-Работава не е за смеење, но морам да изразам голема благодарност бидејќи вчерашниот ден ми го продолжи живото за неколку години бидејќи слатко се изнасмеав. Денеска се освестивме и треба да видиме што сме направиле. Не може да лажеме дека ова е победа, ова е еден сериозен блам, којшто се случи и кој долго време ќе биде тема на потсмев. Сметам дека политичари како Заев и Спасовски кои имаат поголемо искуство и треба да имаат поголем сенс за да излезат со такви изјави на триумф, правда. Видовме дека лицето кое е барано со меѓународна потерница, си дојде сам пред обвинителство со своето возило и сосема случајно тука се појави новинар за да не извести дека Мијалков е медицинско чудо бидејќи во октомври исто имаше информација дека е позитивен на коивд 19. Целава ситуација е боливудски тип на серија, вели Митровски.

Слични содржини