Мицевски: Подготвени сме да одиме до крај, од утре започнуваме со блокада на Собранието

од Берта Китинска

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски денеска на прес конференција информираше дека од утре стартува активната блокада во Собранието.

-Активната блокада е последица, реакција на акцијата на владата на Ковачевски, предводена од СДСМ и ДУИ кои не покажаа чувство за државност и одбија секаква можност на дијалог по најважните прашања во оваа држава, кажа Мицевски.

Тој спомена дека блокадата ќе трае до одржување предвремени избори.

-Подготвени сме да одиме до крај зашто можеме и мораме да ја осигураме иднината на граѓаните, изјави Мицевски.

Слични содржини