Мицевски: Циркузот во Собранието продолжува и денес

од Берта Китинска

„Циркусот во Собранието продолжува и денес, а главните актери од власта очигледно имаат големи проблеми. Веќе два дена Собранието е заложник на власта и мнозинството, два дена собранието не може да започне со работа, наоѓајќи разноразни изговори зошто истата сè уште не е започната. Втор ден, власта и мнозинството си поигруваат со пратениците, Собранието како институција, но најмногу со граѓаните бидејќи тие очекуваат парламентарното мнозинство да биде овде во Собранието, на своите работни места, да работи и да носат законски решенија во корист на граѓаните. Очигледно, за мнозинството не се важни ниту мерки ниту закони туку најважни се меѓупартиските и теснокоалициските комбинации и пазарења“,рече на прес-конференција координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Додека тој зборуваше, зад него во прес-салата во Собранието стоеја и другите негови колеги од партијата при што порача дека иако власта обвинува дека тие ја блокираат работата, всушност двоецот СДСМ-ДУИ е тој што е главен кочничар, па затоа побара да се вразуми.

„Целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги повикува пратениците од мнозинството да престанат да си поигруваат со трпението на граѓаните, да се вразумат и конечно да почнат да се однесуваат одговорно, да работат во интерес на граѓаните, тоа е најмалку што може да направат“, рече Мицевски.

Слични содржини