Мицкоски кон Владата: Прифатете ги мерките кои што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку ново видеообраќање упати апел до македонската влада да ги прифатат мерките ги мерките кои што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, бизнис заедницата и граѓаните и да донесат трет сет на мерки.

„Она кое што можев денеска да го видам е различно од онаа првична уредба која ја донесе министерството за финансии преку владата, а владата ја усвои, и она што можев денеска да го видам дел од мерките кои што министерството за финансии ги има прифатено од уредбата која што ВМРО-ДПМНЕ преку министерот Наќе Чулев ја достави до владата, а техничкиот премиер Оливер Спасовски одби да ја стави на дневен ред.

Имено, што опфаќаше таа уредба, опфаќаше периодот кога се обврзани работодавачите да ги задржат вработените до септември се намали до јули, понатаму втората мерка која што ја предвидувавме е зголемување на опфатот на компании кои што можат да ја користат оваа уредба гледаме дека тоа го презентираше денес ресорниот министер и она кое што прсктично е можеби најважно е кога велевме ние дека најголемиот дел од компаниите доделиле определена награда, бонус, или пак распредлиле дивиденда на почетокот од оваа година и тие истите не можат да ја користат евентуалната помош од владата, видовме денеска дека владата практично одлучила да не додели помош на оние компании кои што евентуално ќе доделат дивиденда, добивка или бонус во месеци април и мај што е практично и не возможно имајќи во предвид состојбата во која што се наоѓа македонската економија“, вели Мицкоски.

Слични содржини