Мицкоски: Не може еден закон да биде маќеа за едни, мајка за други

од Vladimir Zorba

„Има сериозна намера доколку се разбира Владата односно предлагачот има сериозна намера, за да ги прифати забелешките на опозицијата. Ние ќе ве потсетам во минатото често пати имавме забелешки на предлозите на Владата, тие на прва беа одбивани и беа нели црвена линија во преговорите, но потоа беа прифаќани како факт дека сме биле во право“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на преговорите за Законот за ЈО.

– Ако постои реална желба од страна на Владата да се прифатат забелешките на опозицијата кои што се аргументирани фактички тогаш зошто да не го донесеме тој Закон. Но доколку не постои таа желба тогаш тоа е тоа, посочува тој.

Според Мицкоски, нивната цел е иста со целта на огромно мнозинство граѓани во оваа држава, а тоа е не да се донесе добар закон на хартија, туку да имаме имплементација на тој закон во пракса.

– Не може еден закон да биде маќеа за едни, мајка за други, смета Мицкоски.

Слични содржини