Мицкоски: Нема СДСМовска или ВМРОвска Македонија

од Nikola Popovski

Стојам тука исправено и спокојно и јас Христијан Мицкоски, сум подготвен да ја платам секоја цена за слободата и за новата заедничка иднина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на централниот митинг во Скопје.

Според него, нема лева или десна Македонија, нема сдсмовска или вмровска Македонија, туку само една заедничка.

„Нема Македонија поделена по етничка или верска основа, не, туку таа е заедничка, една Македонија. Нема наша и нивна Македонија. Нема либерална, и конзервативна, прогресивна и назадна Македонија“, изјави Мицкоски.

Поинаку од претходно е мирисот на слободата, рече Мицкоски.

„Македонија е нашата емоција, нашата душа, нашиот сон. И нашиот дом. Поразлично е затоа што народот крева глава, се крева над прашината која ја создава власта и јасно ги гледа работите. И многумина ме прашуваат дали ме вознемируваат оние црни кампањи против мене и моето семејство, оние обвинувања, крици на лаги и страшни измами. Мојот одговор е до нив и до сите нивни привезоци, многу сум спокоен затоа што знам дека е ова последица на очај, последните чекори на апаратот којшто губи и сака да повлече сè со себе“, рече Мицкоски.

Слични содржини