Мицкоски: Оваа година очекувам да биде победничка

од Берта Китинска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на литургијата по повод Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

-Оваа  година  очекувам да биде победничка, како што тоа го кажа, и би рекол поглаварот на МПЦ, година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни со други, во којашто ќе излеземе од секојдневните проблеми што ни се случуваа работите во 2020 година, тука пред се, мислам на пандемијата и ефектите на пандемијата врз сите други области во државата – рече Мицкоски.

Лидерот рече дека во нивниот дом паричката се паднала кај неговата мајка бидејќи традиционално Бадник го одбележуваат со неговите родители.

Слични содржини