Мицкоски: Поразите на СДСМ и ДУИ чинат деситици загубени животи

од Vladimir Zorba

Потребни се брзи предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада е некредибилна. Народот своето си го кажа на претходните локални избори и се додека оваа некредибилна влада предводена од СДСМ и ДУИ продолжи, ќе продолжат поразите. За жал тие порази почнуваат да не чинат со десетици загубиени човечки живот, а тоа е само поради една основна причина – раководните лица кои се дел од владејачките партии не си ја вршат работата за која се платени, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе.

Во однос на работата на македонските истражни органи за автобуската несреќа во Бугарија, Мицкоски рече дека тоа е уште една катастрофална постапка на властите и оти е зачуден како автобусот 135 пати ја минувал границата без да биде запрен.

– Директорот на транспорниот инспекторат го нема да излезе во јавноста и да објасни како ова возило ја напуштало границата и како се дозволило ова возило да го помине сите оние технички прегледи. Во суштина се случува една голема корупција, што би рекол претстаува едно сериозно ткиво кое што го има зафатено институциите и системот. Нека не ве чуди ако и во иднина продолжи сето ова, ако ова владејачка коалиција е на власт и затоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Слични содржини