Многу закони заслужуваат да бидат блокирани, вели Села

од Берта Китинска

Споменувајќи ја блокадата на Собранието, Алијанса за Албанците, Зијадин Села во „Click Plus“ рече дека неговата партија не е деструктивна со оглед на ситуацијата, но споменувајќи закони рече дека многу од нив заслужуваат да бидат блокирани.

„Еден од нив е законот за игри на среќа“, вели Села кој додаде дека додека бил градоначалник на Струга, а и сега со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари биле обвинувани за „полнење“ на градовите со казина, но тоа било ингиренција на Министерството за финансии кое е раководено од ДУИ.

„Јас бев тој што донесе одлука да се тргнат казината од главните патишта и школите, но тоа е ингиренција на министерството за финансии, затоа од ДУИ манипулираат во јавноста“, вели Села.

Слични содржини