МНР: Фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири манипулации и нетрпеливост

од Vladimir Zorba

Денешните паушални обвинувања на партијата, кои се без никаква основа, претставуваат уште од серијата манипулации создадени во фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ чија работа сѐ повеќе се засилува, соопштуваат од МНР.

„Средствата од заедничката продажба на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН се делумно префрлени на сметката на Постојаната мисија во Њујорк, а соодветно на локалните правила и продажните услови, наскоро се очекува да биде префрлен и преостанатиот износ со што ќе се заокружи целата купопродажна трансакција согласно договорот.

Согласно правилата дефинирани од адвокатската канцеларија, сѐ додека не биде префрлен целиот износ не може да се врши парцијален трансфер на средства во буџетот на земјава, имајќи предвид дека токму остатокот кој треба да биде уплатен воедно претставува и гаранција за уплата на данокот од страна на купувачот на имотот на поранешната СФРЈ.

Ова правило не претставува исклучок за нас, туку истото го почитуваат и другите држави наследнички на кои исто така им следи соодветен дел од средства од продажбата на имотот.

Во врска со начинот на кој ќе се употребат овие средства, откако ќе бидат вратени во буџетот, постои заклучок на Влада со кој е предвидено од овие средства да бидат купени простории за постојаната мисија во Обединетите нации во Њујорк како и објект за амбасада во Софија“, реагираат од МНР на пресот на Стоилковски.

Слични содржини