Мојсоски да си поднесе оставка, истрагата да се прошири, бараат од опозицијата

од Vladimir Zorba

Антикорупциска утврдила дека Наумче Мојсоски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсоски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, вели утрово ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

„Во овој систем за кој одлучувал Мојсоски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.

Ова е огромен скандал. Овој скандал мора да се разреши во целост. Но најпрво Мојсоски и неговите пријатели од Комисијата кои учествувале во сомнителната распределба на средства од ваучер системот треба да си поднесат оставки за да не влијаат на истрагата. Дополнително, самиот факт дека постојат сомнежи за влијание на други лица, па дури и политички партии врз изборот, истрагата треба да се прошири и врз лица од владата која ги именувале и Мојсовски и Комисијата и на тој начин можеби вршеле притисок на одлуките“, додаваат од Белата палата.

Слични содржини