Момироски: Државата може да функционира и без вонредна состојба

од Aleksandar Petrovski

Новинарот Горан Момироски во гостувањето во „Само вистина“ истакна дека државата може да функционира и без вонредна состојба и изборите да бидат легитимни.

– Не гледам зошто треба да има вонредна состојба, може да функционира државата и без вонредна состојба, особено ако знаеме дека вонредната состојба овозможува владата да донесе низа уредби со законска сила кои ќе предизвикаат легална корупција, одлуки со кои владата ќе може да поткупи огромен број од населението и тоа е нешто што не треба да се случи. Владата може да функционира без вонредна состојба и да носи одлуки со оглед на кризата.

Мене ми е важно изборите да бидат легитимни од два аспекти: едниот да има некаков политички договор да нема бојкот, мислам дека би било катастрофално за Македонија во пресрет на почеток на преговори за членство да се случи вакво нешто и вториот момент да имаме фер избори во смисла гласачите да бидат информирани за промените во изборниот процес како што се должината на изборниот ден и безбедносниот протокол за време на изборите, рече Момироски.

Слични содржини