Момоа ја покажа новата тетоважа на главата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Џејсон Момоа (43) покажа тетоважа на главата откако ја избричи својата долга коса. Со видеото и фотографиите сакаше уште еднаш да укаже на штетноста на пластиката.

– Помогнете да се укине пластиката за еднократна употреба – напиша тој со објавата.

На левата страна од главата му се истетовира специјална шема во чест на повторното отворање на аеродромот на Хаваи. Досега немаше летови поради пандемијата на коронавирус.

Многумина се шармирани од неговиот нов изглед, меѓу кои и актерот Тајрис Гибсон (43).

– Те сакам, голем брату, твојот дух е скромен, толку заразен и прекрасен- прокоментира Гибсон.

– Еве за нови почетоци. Бидете подобри во заштитата на нашата Земја и океаните. Мора да ја отстраниме пластиката за еднократна употреба од нашите животи и мориња, пластични шишиња, пластични кеси, амбалажа, садови, сето тоа – напиша тој во описот на видеото.

Слични содржини