МОН: Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5то одделение требало да ги надминат предизвиците во корелација со Националната комисија за учебници

од Vladimir Zorba

Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат ја префрлаат на МОН, соопштија од Министерството.

„Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата.

Сите предизвици кои им настанале при изработката на учебникот, авторите и рецензентите требало да ги надминат со Националната комисија за учебници која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници. Членовите на комисијата, всушност преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен“, додаваат од МОН.

Слични содржини