МОН и МВР ќе „ловат“ диви продавачи на учебници за четврто одделение

од Nikola Popovski

МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални, вели министерката Мила Царовска.

Според неа, Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци.

-Просветниот Инспекторат спроведува редовни инспекции во училиштата, но, досега не наишле на фотокопирани или оригинални дигитални книги што ги купиле учениците. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска.

Министерката тврди дека учебниците се бесплатни и тие имаат испечатено 20 отсто од вкупниот потребен тираж за оние ученици кои немаат услови да следат дигитална настава. Задоволна е како се одвива реформата и потенцира дека сите училишта ги прифатиле промените и ги користат новите алатки за работа.

Таа додаде дека секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро.

-Со користење дигитални улчебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална псименост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење, истакна Царовска.

Слични содржини