Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Велес

од Берта Китинска

Вчера во 21:30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“, управуван од Д.З.(32) од Велес.

-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес – информира МВР.

Слични содржини