Може ли Трамп да го повтори успехот од 2016 година?

од Nikola Popovski

Иако повеќето истражувања на јавното мислење на крајот од изборната кампања за претседател на САД го фаворизираат демократот Џозеф Бајден пред сегашниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп, според анкетата објавена на веб-страницата од „Расмусен Репортс“ во понеделник, 26 октомври, Трамп за првпат е во мала предност пред Бајден – 48:47 проценти.

Како што е прецизирано, во анкетата учествувале 1.500 потенцијални гласачи, кои одговарале преку телефонски повици и Интернет, на 21 и 22 октомври. Во исто време, три проценти од испитаниците рекле дека претпочитаат „трет кандидат“, додека два проценти одговориле дека се уште не одлучиле како ќе гласаат на 3 ноември. Во претходната анкета на Расмусен, чии резултати беа објавени на 21 октомври, демократот имал предност пред републиканецот од три процентни поени – 49 проценти наспроти 46 проценти.

Внимателните набљудувачи на изборната ситуација во Америка истакнуваат дека Трамп не треба да се „отпишува“ до последен момент. Како главен аргумент за ваквото тврдење, тие наведуваат дека демократската кандидатка Хилари Клинтон, според анкетите, имала јасна предност пред актуелниот претседател скоро цела 2016 година, но на крајот изгубила поради гласовите на Изборниот колеџ. За илустрација, „Блумберг“ на крајот од кампањата објавил дека Хилари Клинтон е поддржана од 48,2 проценти од гласачите на ниво на САД, а Трамп од 46,1 процент, а „Економист“ предвидува дека 45 проценти од Американците ќе гласаат за кандидатот на Демократите. Другите анкети спроведени кон крајот на октомври и почетокот на ноември 2016 година дале слична „слика“ – „АBC“ предвидел резултат од 47:43 проценти за Хилари Клинтон, како и „Гравис“, а „Фокс њуз“ превидел 48 проценти за Клинтон и 44 проценти за Трамп, додека „Монмаут“ најави дека 50 проценти од гласачите ќе гласаат за демократската „надеж“, а 44 проценти за „адутот“ на републиканците.

Забележано е дека аналитичарите главно ја повторуваат грешката од 2016 година – кога во голема мера ги потцениле приврзаниците на Доналд Трамп, особено во неколку таканаречени „swing states“, во кои ниту демократите, ниту републиканците немаат цврсто упориште во гласачкото тело. За илустрација, шест такви американски држави го поддржале Трамп во 2016 година, а четири години претходно тие гласале за демократот Барак Обама. Исто така, се смета дека поддршката на демократските кандидати честопати е преценета, односно повеќе луѓе во анкетите изјавуваат дека ќе гласаат за Бајден отколку тоа што ќе биде случај на денот на изборите.

Флорида уште еднаш се доживува како една од најнеизвесните „сцени“ на изборната „битка“. Според истражувањето објавено од Си-Би-Ес Њуз на 23 октомври, Бајден има поддршка од 50 проценти од граѓаните на таа американска држава, додека Трамп е поддржан од 48 проценти, додека „Survey Monkey“ во анкетата презентирана еден ден подоцна наведува дека Трамп е поддржан од 49 проценти од гласачите, а Бајден од 48 проценти. Пред четири години, Трамп ја победи Хилари Клинтон на Флорида со резултат 49:48 проценти.

Ситуацијата е подеднакво неизвесна и во Џорџија. Анкетата спроведена од „Atlanta Journal Constitution“ му дава на Бајден предност од еден процентен поен (47:46 проценти), додека резултатите од анкетите во Пенсилванија се различни. На пример, „Insider Advantage“ предвидува дека 48% од жителите на Пенсилванија ќе гласаат за Трамп, а 46% за Бајден, додека Ројтерс предвидува дека 50% од гласачите во таа земја ќе го поддржат Бајден, а 45% за Трамп.

Од друга страна, податоците за Тексас се „поизбалансирани“ – според сите истражувања, кандидатот на републиканците е во водство. Меѓу другото, „Њујорк Тајмс“ објави дека 47 проценти од Тексанците го поддржуваат Трамп, а 43 проценти го поддржуваат Бајден, додека анкетата на Универзитетот во Хјустон му дава уште поголема предност на републиканскиот кандидат во Тексас – 50:45 проценти. Ајова е исто така на списокот на „колебливите држави“. Според анкетата спроведена од „Survey Monkey“, Трамп и Бајден се изедначени – 49:49 проценти, а Универзитетот Монмаут му дава мала предност на сегашниот претседател – 48:47 проценти.

Слични содржини